Утрински Весник
Бизнис

Ќе се формира работна група за презентација на земјава на ITU Telecom World 2019

Ќе се формира работна група за презентација на земјава на ITU Telecom World 2019

Скопје, 16 јули 2019 (/) – Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски треба да формира работна група за презентација на земјава на ITU Telecom World 2019 кој претставува можност за промоција и привлекување странски инвестиции во сферата на телекомуникациите и ИТ секторот, поврзување со потенцијални партнери од областа на дигитализацијата на глобално ниво, како и за презентација на можностите за трет мобилен оператор во земјата.

-Владата на Република Северна Македонија на денешната 144-та редовна седница, ја разгледа и усвои Информацијата за формирање Работна група за презентација на Република Северна Македонија на ITU Telecom World 2019 и го задолжи министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски да ја состави и предводи нашата делегација на овој настан, кој претставува можност за промоција и привлекување странски инвестиции во Република Северна Македонија во сферата на телекомуникациите и ИТ секторот, како и поврзување со потенцијални партнери од областа на дигитализацијата на глобално ниво, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Дополнително, сметаат од Владата, присуството на овој настан отвора можност за презентирање на бизнис климата и постигнатите резултати во областа на телекомуникациите во Република Северна Македонија, како и презентација на можностите за трет мобилен оператор во земјата. сст/дма/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Мицкоски: Понудата за дупло поевтина струја сè уште стои

Бочварски: Обезбедивме дополнителни 1.550 транспортни дозволи годинава за транспортерите

(Видео) Коциќ: Сметките за струја на граѓаните ќе бидат субвенционирани со 80 отсто