Утрински Весник
Македонија

Ќе се санира свлечиштето со одрони на патот Македонска Каменица – Кочани

Ќе се санира свлечиштето со одрони на патот Македонска Каменица – Кочани

Македонска Каменица, 4 јули 2019 (Утрински Весник) – Екипи на „Македонија пат“ најавуваат целосна санација на свлечиштето кое во изминатите неколку дена го блокира сообраќајот меѓу Македонска Каменица и Кочани, кај селото Истибања, за да се обезбеди безбедност во сообраќајот на овој патен правец.
– Моментално, преку скенирање на критичниот дел се вршат темелни испитувања и мерења на свлечиштето, а во текот на наредните денови ќе се пристапи кон обезбедување на просторот и целосна санација на критичната точка. Со ваквиот пристап кон решавање на овој проблем и со трајното решавање на оваа критична точка од овој патен правец ќе овозможиме поголема безбедност и сигурност за сите учесници во сообраќајот, информираат од „Македонија пат“.
Од претпријатието упатија апел до возачите кои сообраќаат на патниот правец Македонска Каменица – Кочани, да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот.
На местото на одронот веќе неколку недели се вози по едната коловозна лента, кој е означен со соодветна сообраќајна сигнализација.
– Камените одрони остануваат на едната коловозна лента, поради можноста од настанување  нови одрони, кои можат да предизвикаат дополнителна штета и опасност за возачите и учесниците во сообраќајот, наведуваат од „Македонија пат“.
Според најавите на службите од Јавното претпријатие за државни патишта, до крајот на наредната недела се очекува да заврши анализата на зафатеното подрачје и веднаш да почнат градежните активности за санација на просторот. Од таму најавуваат дека во тој период патниот правец ќе биде целосно затворен за сообраќај и сообраќајот ќе се одвива по алтернативни патишта. вс/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби – Агелер: Успесите на нашата земја се заеднички со Соединетите Американски Држави

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална