Утрински Весник
Бизнис

Ќе се разменуваат искуства за имплементација на стандардите за безбедност и здравје при работа и европскиот модел на соработка

Ќе се разменуваат искуства за имплементација на стандардите за безбедност и здравје при работа и европскиот модел на соработка

Скопје, 17 јуни 2019 (/) – Размена на искуства за имплементација на стандардите за безбедност и здравје при работа и европскиот модел на соработка и вклучување на граѓанските организации во процесот на донесување одлуки, е целта на неколкудневната студиска посета што ја реализира  Македонското здружение за заштита при работа на Унгарија, во рамки на проектот „Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ“.

Исто така, како што се наведува, на претставниците на граѓанските организации ќе им се пренесат знаења и најдобри практики и искуства за стратешко, организациско планирање, имплементација на политиката за заштита при работа, спроведување кампања за подигнување на свесноста (комуникациска стратегија, вештини за застапување и мрежно поврзување). Учесниците ќе имаат можност да разменуваат ставови, искуства и добри практики со други претставници на граѓанските организации од Македонија и од Европската Унија.

Главната цел на проектот е да се подобри вклученоста и зајакнувањето на влијанието на организациите на граѓанското општество во спроведувањето на клучните реформи во безбедноста и здравјето при работа, како и дијалогот и партнерството со регионалните граѓански организации од ИПА регионот. Студиската посета е наменета да придонесе кон постигнувањето на специфичната цел на проектот, кој е фокусиран на динамично граѓанско општество преку вмрежување, застапување, долгорочно стратешко планирање и промовирање на нивото на вклученост и вклучување на граѓанските организации во процесот на донесување одлуки поврзани со безбедни и здрави работни услови.

Студиската посета, исто така, ќе обезбеди искуство и информации за засегнатите страни за тоа како да се обезбеди континуирана поддршка на организациите на граѓанското општество, да се градат коалиции и партнерства, понатамошно да се зголемува нивната вклученост во процесот на донесување одлуки и пренесување на тековната практика на лобирање во ЕУ и институциите на ЕУ, истакнуваат од Македонското здружение за заштита при работа. рп/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владата ја ограничи маржата на млечните производи

Битиќи: Реформите кои ќе ги направиме во пристапниот процес кон ЕУ ги правиме за нас и нашите деца

НРБМ: Отвореното банкарство ќе донесе придобивки за граѓаните и компаниите