Утрински Весник
Бизнис

Ќе се проширува Програмата за наводнување на земјава

Објавен огласот за изведувач за три системи за наводнување, во Чаушица, Славишко поле и Колибари

Скопје, 16 јули 2019 (/) – Владата денеска на седница го прифати предлогот за проширување на Програмата за наводнување на Северна Македонија.

-Во врска со оваа точка, Владата го задолжи Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, да ја координира работата во врска со проширувањето на Програмата за наводнување на Република Северна Македонија преку обезбедување дополнителни средства од развојниот заем на Владата на СР Германија и КФВ банката, во насока на прифаќање на зголемениот развоен заем во износ од 80 милиони евра и грант средствата од 2,8 милиони евра, соопшти владината прес-служба. сст/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СКОПСКО со нов проект во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Пакомак

Влада: Изминатото деноноќие произведени 12.580 MWh електрична енергија, задоволени потребите на домаќинствата

Нови цени на горивата од полноќ