Утрински Весник
Македонија

Ќе се гради патот до локалитетот Пешти

Ќе се гради патот до локалитетот Пешти

Велес, 20 јуни 2019 (/) – Општина Велес ќе го гради патот до природниот локалитетот Пешти каде се наоѓа клисурата сместена во долното течение на реката Бабуна, локалитет со стотина поголеми и помали пештери по кој го добил и името, а кој е прогласен за карактеристичен пејсаж со ретка фауна и флора. Асфалтирањето за земјениот пат од 2,6 км е со средства во висина од 13,4 милиони денари од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) и 2,4 милиони денари од општинскиот буџет. Средствата за кофинансирање од општинскиот буџет на последната седница веќе ги одобри Советот на Општина Велес и патот наскоро треба да почне да се асфалтира и да биде готов до крајот на годинава.

Како што појасни градоначалникот Аце Коцевски, овој проект е за пристапни патишта до туристичките дестинации.

– Со овој проект за изградбата на патот ќе се овозможи поголем пристап до реката Бабуна и локалитетот Пешти на велешани и сите посетители, потенцира Коцевски.

На новинарско прашање во врска со се поголемиот број на дивоградби кои изникнаа и се уште бесправно се градат на овој локалитет прогласен за карактеристичен пејсаж, Коцевски одговори дека проблемот е многу тежок и не знае како ќе се реши заедно со државните институции.

Тој потенцира дека дивоградбите што таму се во голем број, според законот немаат право и обврска да ги легализираат.

Пешти е клисура долга 430 метри на реката Бабуна, на јужниот излез од Велес, на пет километри оддалеченост од устието на реката Бабуна во Вардар. Името го добила по големиот број на пештери во кои се откриени фосилни остатоци од цицачи. Пронајдените артефакти од камен упатуваат на доцен палеолит. Најпозната е Маркова пештера позната по зачувани остатоци од ранохристијанска црква, со фрески.

На високите карпи живееше белоглавиот орел кој последниве години е речиси исчезнат. Пешти е прогласен за карактеристичен пејсаж со големи потенцијали за развој на рекративен туризам.

Пешти, посебно лете, порано беше омилено место за рекреација на велешани, но за жал последниве 15-тина години во негова близина се изградија голем број на дивоградби па и до самиот брег на реката, со што на останатите граѓани и туристи се потешко им се овозможува пристапот до него.

Велешани се  погласно негодуваат и апелираат до локалната власти, бараат отстранување на дивоградбите и расчистување на овој заштитен природен локалитет и до неговите природни убавини и реткости. ад/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Герасимовски: Изборот на Валентина Ангелковска за најдобар одделенски наставник во земјата е уште едно признание за квалитетот на образованието во Центар

(Видео) Милошоски: Бесмислено е власта да бара поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за закони кои што не постојат и не се доставени во Собранието

Грковска – Ќехаја: Ефикасни антикорупциски политики, јакнење на интегритетот и транспарентноста се предизвици за сите земји од регионот