Утрински Весник
Македонија

Ќе нема тестирање за „Орце Николов“, учениците ќе бидат примени

Ќе нема тестирање за „Орце Николов“, учениците ќе бидат примени

Скопје, 20 јуни 2019 (/) – Во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје  ќе нема приемен испит т.е. квалификациско тестирање за селекција поради надминат број кандидати за упис во прва година.

Сите полуматуранти со 5.0 успех во основно образование кои конкурираа на првото јунско пријавување ќе бидат примени во гимназијата и распределени во деветте паралелки колку што се планирани со Конкурсот за 2019/2020.

Договорот е постигнат денеска на средба во Министерството за образование и наука помеѓу надлежните претставници и претставници на родителите. Претходно родители протестираа пред Владата и пред МОН и собираа потписи против приемен испит и бараа да се оформи дополнителна паралелка.

Слободни места во „Орце Николов“ има за 285 ученици, а на уписот се пријавиле 400, од кои 330 со успех 5.0.  Според планот на МОН од вчера, учениците требаше утре да полагаат македонски јазик и математика и од сите пријавени со еднаков успех да се направи ранг-листа на тие што ќе бидат запишани во училиштето. хс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран