Утрински Весник
Македонија

Јунската плата за вработените во градинките повисока за 16 отсто

Јунската плата за вработените во градинките повисока за 16 отсто

Скопје, 28 јуни 2019 (/) – Со измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата за 16 отсто се зголемуваат платите на воспитувачите/ките, негователите/ките, стручните работници/чки и соработници/чки. Се зголемуваат и платите на помошно-техничкиот пероснал со Колективен договор потпишан со синдикатот. Исплатата на зголемените плати започнува со исплатата на јунската плата во текот на месец јули, информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

– Градинката е место каде започнува развојот на детето. Тука децата го осознаваат светот, тука ги градат темелите на нивниот понатамошен развој и напредок. Токму затоа, ние продолжуаме да инвестираме во нови објекти, но и во кадрите кои се грижат за нашите најмлади и целокупниот квалитет на предучилишното образование, се наведува во соопштението од МТСП. мс/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом