Утрински Весник
Спорт

Јунајтед подготвува вреќи со пари за „иднината на шпанскиот фудбал“

Јунајтед подготвува вреќи со пари за „иднината на шпанскиот фудбал“

Манчестер, 2 јули 2019 (Утрински Весник) – Раководството на Манчестер Јунајтед е многу блиску до обезбедувањето одлична замена за Андер Ерера, кој веројатно ќе премине во ПСЖ. „Црвените ѓаволи“ имаат голем интерес да ја привлечат големата ѕвезда на младинскиот шпански тим, Дани Олмо, кој одигра клучна улога во освојувањето на титулата на „фуријата“ на ЕП.

Иако Олмо игра во Динамо Загреб, договорот се очекува да биде релативно скап за англискиот тим. Според извори во Хрватска, цитирани од „Дејли мејл“, тимот од „Максимир“ за него бара 35 милиони фунти.

Се очекува, сепак, дека Солскјер и компанијата ќе имаат сериозни противници за потписот на халфот, кое забележа три гола и неколку асистенции за Шпанија. Борусија Дортмунд и Ливерпул се дел од сериозните претенденти за услугите на Олмо, додека тимови како Баерн, ПСЖ и Интер внимателно ја следат ситуацијата околу играчот. Преференциите на Олмо се да игра во Германија или во Премиер лигата.

Олмо се прослави токму за време на кампањата на Шпанија на младинското Европско првенство, откако беше со клучен придонес за успехот на својот тим, а многу од стручњаците му предвидуваат неверојатна иднина, благодарение најмногу на можноста да игра и како халф, така и како втор напаѓач.

Особено важно за „црвените ѓаволи“ е да го завршат својот избор порано и да се зајакнат во средниот ред каде што Јунајтед е близу до губење на Пол Погба.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уште еден премиерлигаш добива американски газда

МЗТ Скопје преку ТФТ до петта титула од Суперкупот

Сестрата на Роналдо контра Португалците: Вие сте болни, бездушни, глупави и бескрајно неблагодарни