Утрински Весник
Македонија

Јубилејна 15-та генерација апсолвенти на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово

Јубилејна 15-та генерација апсолвенти на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово

Тетово, 8 јуни 2019 (/) – Свечена церемонија се одржа попладнево на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово каде беа промовирани студентите од петнаесеттата генерација апсолвенти. Вкупно 505 студенти од петте факултети на УЈИЕ го завршија своето образование на оваа високообразовна институција во Тетово.

Како студенти со најдобри оценки посебни признанија добија Геза Ејупи и Бесарта Абази од Факулетот за бизнис и економија, Рамадан Муртезани и Сокол Зенели од Факултетот за современи науки и технологии, Наим Ферати и Бленд Али од Факултетот за современи општествени науки, Наташа Ѓорѓевска и Јулија Асинија од Факултетот за јазици, култури и комуникација, како и Еда Палоши, Генц Јакупи, Фирдаузе Шехапи и Ајнур Бекири од Правен факултет.

-Има многу моменти на емоции, но денес тој е еден посебен момент на Вашето завршување со студии. Вие сте 15-та јубилејна генерација но сепак посебна сама за себе како и секој индивидуално од Вас. Кај и да одите после факулетот запомнете дека имате интелектуална обврска бидејќи го носите амблемот на УЈИЕ, истакна во поздравниот говор ректорот Абдулменаф Беџети.

Проректорот за настава Беса Арифи во својот говор им посака на студентите светла иднина како што сонцето денес силно грее.

-Не заборавајте ги зборовите на Нелсон Мандела дека образованието е најмоќното оружје доколку сакате да го промените светот, рече Арифи.

Таа прочитаа и поздравен говор во име на министерот за образование Арбер Адеми, за кој рече дека е отсутен од оправдани причини.

-Земете го стекнатото знаење во рацете и силно зачекорете во светот на науката, рече амбасадорот на Словенија, Милан Јазбец во обраќањето пред студентите.

На апсолвентите им честиташе и претседателот на Одборот на Универзитетот Денис Фарингтон. ас/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран