Утрински Весник
Македонија

ЈП Службен весник одбележува 75 години

ЈП Службен весник одбележува 75 години

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Јавното претпријатие „Службен весник на Република Северна Македонија“ седум и пол децении ја негува традицијата да издава службено гласило, која започна на 18 февруари 1945 година, откога Президиумот на АСНОМ донесе одлука за издавање „Службен лист на федералната единица Македонија“ и до денес е значаен хроничар за историјата на нашата држава, за сите важни и историски акти и документи објавени во ова службено гласило.

Точно седум и пол децении, како што велат од „Службен весник“, континуирано и високопрофесионално ја извршуваат својата јавна, општествено доблесна задача, да ги објавува сите службени новини од општественото организирање.

– Тоа е доверба што обврзува, како што обврзуваат и стратегиски утврдените насоки на државата во врска со регулаторните реформи и информациското општество. Својата улога на посредник помеѓу државата и граѓаните на Република Северна Македонија, во сферата на легислативата, ЈП „Службен весник на Република Северна Македонија“ настојува да ја исполни со висок степен на совесност и секогаш со службена, автентична, точна, ажурирана и лесно достапна информација, истакнуваат од „Службен весник“.

Оттаму велат дека се целосно посветени на ефикасно и квалитетно исполнување на целите и обврските што произлегуваат од Законот за објавување закони и други прописи и акти, а објавувањето се врши во печатена и во електронска форма.

Визијата на претпријатието, како што посочуваат, е да продолжи совесно да управува со правниот, информативен систем на Република Северна Македонија, како и со активностите од областа на издаваштвото и печатењето, така што услугите се реализираат со високо ниво на квалитет.

– Овие денови чекори заедно со историјата и иднината на нашата држава. Затоа, има за цел да остане стабилна и развојна компанија, која реагира реактивно и интерактивно на барањата на пазарот, корисниците и нивните потреби. Постојано да се оправдува, одржува и зајакнува репутацијата на угледот и авторитетот, со највисок квалитет, сигурност и точност во преносот на информации, со цел зачувување и активно негување на довербата на потрошувачите и заштитата на интересите на пошироката заедница. Цел и тенденција е секогаш да се биде иноватор во работата на претпријатието и да се препознаат и потврдат вложените знаења, енергија и креативност, нагласуваат од Јавното претпријатие „Службен весник на Република Северна Македонија“. дма/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Таравари: Албанците никогаш не биле во полоша состојба отколку под водство на оваа влада

Владата ја усвои новата стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Давкова на средба со претставници на Македонците во Албанија: Обврзани сме да помагаме во решавање на проблемите