Утрински Весник
Македонија

ЈП „Комуналец“- Кичево: Електрични апарати, мебел, градежен шут не се наша надлежност

ЈП „Комуналец“- Кичево: Електрични апарати, мебел, градежен шут не се наша надлежност

Кичево, 9 јули 2019 (Утрински Весник) – Некомуналниот отпад, односно електрични апарати, мебел, градежен шут, делови од стари автомобили, косена трева, градинарски и овоштарски отпадоци нема да бидат подигнати од ЈП „Комуналец“ од Кичево, информираат од претпријатието.

-Се известуваат граѓаните на територијата на општина Кичево , дека ЈП „Комуналец” од Кичево е давател на услуга собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад, кој се создава од домаќинствата и комерцијален отпад. Согласно законската регулатива, старите предмети како електрични апарати, мебел, градежен шут, делови од стари автомобили, косена трева, градинарски и овоштарски отпадоци не спаѓаат во комунален отпад и истите нема да бидат подигнати. Доколку имаат граѓаните ваков вид на отпад, треба посебно да го пријават, а услугата дополнително се наплатува, информира ЈП „Комуналец“ од Кичево.

Оттаму истакнуваат дека општински комунален инспектор, униформирана полиција и комунален редар се должни на сторителот на прекршокот да му поднесат пријава или изречат глоба.рз/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран