Утрински Весник
Македонија

ЈП „Камена Река“ апелира до граѓаните на Македонска Каменица да се придржуваат до Правилникот за јавна чистота

ЈП „Камена Река“ апелира до граѓаните на Македонска Каменица да се придржуваат до Правилникот за јавна чистота

Македонска Каменица, 25 јуни 2019 (/) – Со исфрлање на крупниот отпад на места каде не е дозволено, несовесни граѓани продолжуваат да ја нарушуваат јавната чистота во Македонска Каменица. За овој проблем, повторно алармираа каменичките комуналци, кои уште еднаш апелираа до граѓаните, секое изнесување на крупен отпад и градежен шут од своите колективни и индивидуални објекти и живеалишта, да биде претходно најавено во Јавното претпријатие „Камена Река“.

– Како претпријатие задолжено за одржување на јавната и комунална чистота во градот, апелираме граѓаните да се придржуваат до објавениот „Правилник за јавна чистота“. Одржувањето на јавната чистота е континуиран процес кој обезбедува трајно и квалитетно чистење на јавните површини на јавните објекти. Во таа насока, ЈП „Камена Река“ ги повикува граѓаните на совесност кон отворените простори околу јавните објекти, дворните површини на колективните и индивидуалните објекти за домување, заради обезбедување на здрава и чиста животна средина, велат од претпријатието.

Во спротивно, како што додаваат од „Камена Река“, врз основа на претходно упатениот повик за одржување на јавна чистота и последните забележани нарушувања на чистотата на јавните простори, против несовесните сторители ќе бидат поднесени соодветни санкции и спроведени казнени мерки.

Во врска со оваа проблематика апел до граѓаните упатија и надлежните општински и комунални служби од Јавното претпријатие, од каде потенцираат дека секое физичко и правно лице е должно да се грижи за одржувањето на јавната чистота во своите деловни објекти, колективни и индивидуални живеалишта, совесно да се однесува кон јавните површини, поставената урбана опрема, како и зелените декоративни и цветни површини. вс/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешевска: Да се зголеми додатокот за минимална помош преку МТСП

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина за стремежот за европска Македонија

СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите кои работат за граѓаните