Утрински Весник
Спорт

Јовиќ: Роден сум да постигнувам голови

Јовиќ: Роден сум да постигнувам голови

Мадрид, 16 јули 2019 (Утрински Весник) – Новиот напаѓач на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, напиша материјал за платформата „Плејерс Трибјун“. 21-годишниот српски репрезентативец премина на „Сантијаго Бернабеу“ од Ајнтрахт (Франкфурт), а „белите“ платија околу 70 милиони евра на своите колеги од Германија за да го обезбедат неговиот потпис.

– Понекогаш мислам дека така сум роден. Секој има талент во животот, и мислам дека тоа е мојот – да постигнувам голови. Не знам како всушност заиграв како напаѓач, но се сеќавам дека секогаш сум бил опседнат со желбата да постигнувам голови, вели Јовиќ, кој е најмлад играч кој постигна 5 гола во натпревар од Бундеслигата.

Поранешниот фудбалер на Црвена звезда и Бенфика постигнаа пет пати против Фортуна (Дизелдорф) минатата сезона во германската елита.

– Кога бев млад, имав две видеокасети со сите голови на светски првенства – од секое до тоа во 2006 година. Бев воодушевен од Роже Мила од Камерун во 1990 година, како и Роналдо, оригиналниот Роналдо, додаде Јовиќ.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Челси на лето тргнува по Рафаел Леао

По една и пол година Зион Вилијамсон се врати во НБА лигата

Чави ги нападна судиите: Имаше пенал за нас, ни нанесоа неправда