Утрински Весник
Македонија

Јовановски и Милевски на распит во Кривичниот суд

За двајца од приведените во денешната акција, Обвинителството го повлече предлогот да им се одреди мерка притвор

Скопје, 15 јули 2019 (Утрински Весник) – Во Кривичниот суд вечерва на распит е доведен Бојан Јовановски, откако пред неколку часа таму беше спроведен и Зоран Милевски.  Судот треба да донесе одлука дали ќе им одреди притвор како што тоа го побара Јавното обвинителството кое отвори истрага против Јовановски и Милевски, како  првоосомничен и второосомничен за изнудување пари.

Обвинителството по собрани вербални и материјални докази ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот и за  „перење пари и други приноси од казниво дело“.

На прес-конференцијата на која обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска го образложи случајот и доказите со кои денеска се отвора истрагата, не беа соопштени идентитетите на осомничените, заради почитување  пресумпција на невиност, ниту  пак, идентитетот на обвинителот врз кој  двајцата приведени имале влијание.

Некои медиуми објавија дека вечерва е вршен претрес во семејниот дом на Бојан Јовановски (Боки 13), кој е сопственик на 1ТВ. Тој  денеска бил приведен на ГП „Богородица“ на излез од државата. Второосомничениот Зоран Милевски (Кичеец), бизнисмен, денеска бил приведен во скопски ресторан. хс/ мд/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Станковиќ: Не поддржуваме нови вработувања во Водовод, зошто Арсовска избрка луѓе бидејќи имало превработеност

Сузбиена организирана криминална група која криумчарела хероин во Хрватска

Притвор за кавадарчанка која го свирепо го убила својот партнер