Утрински Весник
Спорт

Јапонскиот „Меси“ доаѓа во Реал

Јапонскиот „Меси“ доаѓа во Реал

Мадрид, 14 јуни 2019 (/) – Такефуса Кубо или јапонскиот „Меси“, како што повеќето го знаат, е најновиот член на „кралевите“, иако до 2016 година играше за младите на каталонскиот клуб Барселона.

Младиот Јапонец следната сезона ќе игра за резервниот тим на Реал, а во Мадрид дојде од неговиот клуб Токио ФЦ за два милиони евра, а за секоја сезона ќе заработи милион евра.

Шпанските медиуми пишуваат дека Барса погрешила од невнимателност па дозволила да и избега Кубо, наводно тие мислеле дека договорот со Јапонецот им е до следната сезона, во агентите на Реал дознале дека на 1 јуни му истекува договорот со Каталонците, па за малку пари го донеле во Мадрид.

Инаку, во последната сезона со Токио одиграл 16 натпревари и постигнал пет голови, а во нивните редови освен шпанските ривали сакале да го имаат и Манчестер сити, ПСЖ и Бајерн Минхен. ем/гт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Канело Алварез му се извини на Меси и на Аргентинците

Во Италија налози за апсење на Алегри и Паратичи?

Влаховиќ за наводната афера со жената на резервниот голман и за конфликтот со Пикси: Обични лаги од мали луѓе