Утрински Весник
Македонија

Јанакиески штрајкува со глад во затворот „Шутка“

Јанакиески штрајкува со глад во затворот „Шутка“

Скопје, 2 јули 2019 (/) – Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески од саботата започнал штрајк со глад во Истражниот затвор „Скопје“ поради мерката притвор за најновото обвинение на Основното јавно обвинителство за продажба на државно земјиште.

Револтот на Јанакиески, според изјавата на адвокатот Еленко Миланов за А1он, е поради несоодветното постапување на судот, бидејќи имал два притвора со идентични причини. Миланов смета дека куќниот притвор до сега се покажал дека е ефективен, односно дека Јанакиески не може да избрега ниту да влијае на сведоци.

Јанакиески, покрај обвиненијата на СЈО се товари за продажбата на државното земјиште, како и во една истражна постапка во која е осомничен дека е организатор за настаните од 27-ми април во Собранието на РСМ. бк/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава

Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведен дилер

ВМРО-ДПМНЕ: Дали компанија од соларниот картел на Ковачевски со државна помош гради фабрика за панели кои потоа ќе ги продава на ФЕЦ Осломеј