Утрински Весник
Македонија

Јавна дискусија за Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Гостивар

Јавна дискусија за Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Гостивар

Гостивар, 17 јуни 2019 (/) – Јавна дискусија за Нацрт-текстот на „Националната стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“ ќе се одржи денеска во Гостивар.

Како што информираат од владината прес-служба, на јавната дискусија и претставувањето на нацрт-текстот ќе учествуваат заменик министерката за финансии Ширет Елези, пратеничката во Собранието Ирена Стефоска, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Илхан Рахман и директорката на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) Билјана Петковска.

Нацрт-текстот на стратегијата ќе го претстави Маја Петковска Лесес, координатор на кластер медиуми во координативното тело за изготвување на стратегијата и специјален советник во Канцеларијата на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност. мс/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран