Утрински Весник
Македонија

Јавен повик за селекција и избор на работници од УБК во Агенција за национална безбедност

Јавен повик за селекција и избор на работници од УБК во Агенција за национална безбедност

Скопје, 13 јули 2019 (Утрински Весник) – Комисијата за селекција и избор на работници на Управата за безбедност и контраразузнавање објави Јавен повик за кој ќе биде спроведена постапка за селекција и избор на кандидати, кои ќе бидат преземени во Агенцијата за национална безбедност.

– Право на пријавување имаат сите работници на УБК во Министреството за внатрешни работи. Рокот за пријавување е до 19 јули 2019 година, соопштија од Агенцијата за национална безбедност.

Од Агенцијата посочија дека Јавниот повик е доставен до сите организациски единици во Управата за безбедност и контраразузнавање во МВР. см/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран