Утрински Весник
Бизнис

Јавен повик за од Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи

Јавен повик за од Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи

Скопје, 17 јуни 2019 (/) – Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција ќе соопшти детали за јавниот повик од Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2019 година.

Повикот е за угостителските објекти од туристичките центри низ земјава кои се заинтересирани да им овозможат одмор на работниците со ниски примања.

Програмата, објавена во Службен весник на 23 јануари годинава, е проектирана на 20.000.000 денари.

-За надминување на ефектите на социјалната исклучивост на лица со ниски примања и стимулирање на развојот на туризмот во земјава вон туристичката сезона, Министерството за економија организира одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од
22.000,00 денари. Одморот ќе биде организиран во угостителските објекти за сместување
во туристички центри надвор од местото на живеење на лицето-подносителот на барањето, во период од не повеќе од пет дена, стои во Програмата. мч/скс/

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните давачки во октомври и ноември оти тогаш производството е најголемо, вели Николовски

ФЕЦ Новаци е далеку од најголема фотоволтаична електрана во регионот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Битиќи – Дуџак: Она што нема да го направиме денес, ќе не чини многу поскапо утре