Утрински Весник
Македонија

Ѓорѓиевски:Антикорупциска да се вклучи, конфликт на интереси во МВР

ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ го уништи здравствениот систем

Скопје, 2 јули 2019

Се што СДСМ прави е една обична лага и измама. Проблемот е што цената на нивните измами ја плаќаме ние граѓаните, а Република Македонија е блокирана во отпочнувањето преговори со Европската Унија.

Последната измама е процесот на ветинг кој што го најавуваше Оливер Спасовски. Има ли поголема иронија кога вака сериозен процес се најавува на прес конференција со професор чија сопруга е неодамна вработена. Еве за почеток на ветингот Оливер Спасовски нека каже кога, каде и по кои услови е вработена сопругата на Никола Дујовски? Дали е точно дека таа е вработена пред неколку месеци во МВР како што пишуваа медиумите за тоа? Доколку е така, дали реално може да се очекува објективен став и критика за катастрофалното работење на Спасовски?

Почитувани,

Ветингот на Спасовски има само една цел. Пресметка со професионалците и оние кои не се под партиска и политичка контрола на Спасовски а истовремено и отварање на простор за лична заработка на неговите соработници и послушници.

Еве еден предлог од каде да почне ветингот.

Дали Никица Петрушевски од Куманово е вработен во МВР во Октомври 2018 како советник за комуникации во кабинетот на Оливер Спасовски?

Дали Никица Петрушевски е син на Добрин Петрушевски, финансиер на СДСМ во Куманово и сопственик на Пин Петрол?

Дали МВР пред еден месец издало одобрение на Пин Петрол за станица за технички преглед по што фирмата на неговиот татко ја проширува дејноста?

Дали имал влијание и какво влијание имал советникот на Спасовски при носењето на одлуката ?

Доколку Спасовски е загрижен за интегритетот на полициските службеници и нивното богатење во службата да одговори за колку ќе го зголеми семејното богатство неговиот советник откако е вработен во МВР до денес?

Почитувани,

Спасовски го претвара МВР во филијала на СДСМ со една единствена цел, лично богатење. Еве класичен пример за судир на интереси. Неговиот советник за комуникација на социјалните мрежи е позаинтересиран за огласи за вработување во приватната фирма отколку за безбедноста на граѓаните и борбата со криминалот за кои што и зема пари од граѓаните на Република Македонија.

Време е да се вклучи и антикорупциската комисија и да преземе мерки за да го санкционира конфликтот на интереси.

Орце Ѓорѓиевски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

/ овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведен битолчанец, кај него биле пронајдени 14 пакувања хероин

МНР го осуди говорот на омраза на натпреварот Македонија-Бугарија

50 санкции за недавање првенство на минување