Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ го победи Федерер во најдолгото финале на Вимблдон

Ѓоковиќ го победи Федерер во најдолгото финале на Вимблдон

Лондон, 14 јули 2019 (Утрински Весник) – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои Грен слемот Вимблдон, откако вечерва во драматично финале во пет сета го совлада Роџер Федерер. Швајцарецот не реализира две меч топки при водство од 8:7 во петтиот сет.

Во меч што траеше речиси пет часа, за прв пат на Вимблдон беше применето правилото да се игра тај-брејк во петтиот сет по 12:12 во гемови.

Конечниот резултат е 3-2 за Ѓоковиќ, по сетови 7:6 (7:5), 1:6, 7:6 (7:4), 4:6, 13:12 (7:3).

Вкупниот награден фонд на Вимблдон изнесуваше 49,4 милиони долари.

По најдолгото финале на Вимблдон, Ѓоковиќ стигна до својот 16. Грен слем трофеј. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Астон Вила го декласира Брајтон, хет-трик на Воткинс

Џинтоли: Сакавме да го продадеме Влаховиќ…

Ѓорческа ќе се бори за титулата во Куршумлиска бања