Утрински Весник
Македонија

Штип со средства од Платежната агенција ќе го гради патот до селото Почивало

Штип со средства од Платежната агенција ќе го гради патот до селото Почивало

Штип, 1 јули 2019 (/) – Општина Штип доби средства во висина од 20 милиони денари од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој кои ќе бидат наменети за асфалтирање на дел од локалниот пат кон селото Почивало, во должина од четири  километри или 14.000 метри квадратни.

Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски на денешната прес-конференција појасни дека се работи за локален пат и оти асфалтирањето ќе биде направено по долгогодишното барање на жителите од Шашаварлија, Кошево и Почивало, заради побезбедно движење.

– Се работи за најтешката делница од овој пат, за која во контакт со граѓаните дојдов до сознание дека е најприоритетна и дека тоа е нешто кое навистина им е потребно со цел да можат непречено да функционираат. Ние го добивме писмото преку кое ни се одобруваат 20 милиони денари плус ДДВ. Тоа би биле 23.600.000 денари или околу 390.000 евра, средства за изградба на овој локален пат, истакна Бочварски.

Општина Штип деновиве ќе  распише јавна набавка за избор на најповолен понудувач кој ќе ги врши градежните работи на локалниот пат Шашаварлија – Кошево – Почивало.

Селото Почивало е најоддалечено од  Штип и во текот на зимата останува и по неколку денови отсечено од градот, поради снежните врнежи и немањето пристапен пат. Општината заедно со останатите институции секоја зима се принудени да изнаоѓаат начини за достава на храна до жителите во селото Почивало. вдј/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8