Утрински Весник
Македонија

Штип очекува поддршка од Владата за изградба на браната Отиња

Штип очекува поддршка од Владата за изградба на браната Отиња

Штип, 21 јуни 2019 (/) – Основниот проект за браната на река Отиња веќе се печати, а во завршна фаза е деталниот урбанистички план. Според првичните оценки, проектот се очекува да чини околу седум милиони евра.

Граѓани и претставници на невладини организации денеска во Општина Штип беа дел од јавната расправа за изградба на браната.

Градоначалникот Благој Бочварски рече дека овој проект е од суштинско значење на оваа локална власт и уште од самиот почеток на неговиот мандат работи на целосна реализација.

-Се работи за објект кој 40 години е тема на дискусија во јавноста и потреба на граѓаните од оваа општина, истакна Бочварски.

Се работи за брана од три милиони метри кубни вода со основна намена заштита од поплави во градот. Јавното претпријатие „Стипион“ согласно програмата за изработка на урбанистики план, изготвува Детална урнанистичка документција за просторот на кој ќе се наоѓа браната.

Генералниот урбанистички план дава простор од околу пет отсто од целиот плански опфат за реализација на викенд зони за домување со станбени куки со ограничена висина од пет плус еден.

Бочварски  очекува Владата со овој реабаланс на Буџетот да обезбеди одредени средства за почнување на овој проект што е панирано за крајот на оваа или почетокот на следната година. вдј/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава

Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведен дилер

ВМРО-ДПМНЕ: Дали компанија од соларниот картел на Ковачевски со државна помош гради фабрика за панели кои потоа ќе ги продава на ФЕЦ Осломеј