Утрински Весник
Македонија

Штипското културно лето вечерва почнува со операта „Боеми“

Штипското културно лето вечерва почнува со операта „Боеми“

Штип, 29 јуни 2019 (/) – Штипското културно лето вечерва почнува со свечено отворање во Уметничката галерија „Безистен“, со операта „Боеми“ од Џакомо Пучини во изведба на оперскиот ансамбал од хрватскиот град Осијек.

Кирил Панајотов, совеник за јавни дејности во Општина Штип нагласи дека во наредниот месец штипјани ќе можат да проследат 26 содржини во рамките на Штипско културно лето.

– Овогодинешната манифестација ќе ја отвориме со операта „Боеми“, односно ни гостуваат оперскиот состав „Паноника“ од Академијата за опера од Осијек, Хрватска. Продолжуваме со неколку театарски претстави, и тоа две хит претстави на Народниот театар во Штип, потоа театарска претстава од Народниот театар „Борo Станковиќ“ од Врање. Ќе имаме и музички проекти меѓу кои и едно издание од Аргентина, ќе одбележиме 30 години од смртта на академикот и професор д-р Александар Грличков во библиотеката „Гоце Делчев“, вели Панајотов.

Традиционално ќе се одржи и музичкиот хепенинг на Вртешка, на планината Плачковица. Панајотов забележува дека најголем дел од содржините на Штипско културно лето ќе се одржууваат на сцената на Дом на млади. Ова е 34-то издание на Штипско културно лето, додека Општина Штип го организира веќе 14 години. вдј/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Чекајќи го следниот состанок“ – Вучиќ и Ковачевски oдмораат на скали

Ковачевски-Нехамер во Прага: Австрија е силен поддржувач на Северна Македонија и регионот да се дел од ЕУ

Владата ја ограничи маржата на млечните производи