Утрински Весник
Македонија

Штипски „Стипион“ урива склонопадни куќи

Штипски „Стипион“ урива склонопадни куќи

Штип, 16 јули 2019 (Утрински Весник) – Штипското јавно претпријатие „Стипион“ деновиве почна со уривање и расчитување на склонопадните куќи, кои ја загрозуваат безбедноста на граѓаните и на возачите. Директорот на ЈП „Стипион“, Сашко Протогеров истакна дека по решение од градежен инспектор урнале склонопадна куќа во близина на црквата Свети Илија.

– По решение на овластениот градежен инспектор добивме решение за уривање на куќа на улица „Стојан Гогов“. Постапивме по решението и го урнавме објектот, а ќе извршиме и расчистување на теренот. Секогаш кога е во прашање безбедноста на граѓаните ние сме тука да интервенираме, вели Протогеров.

Вакви куќи во Штип има најмалку десеттина и некои од нив, досега биле причина за блокада на улици поради паѓањето, но за среќа повредени немало. Нивниот број најголем е во населбата Ново Село и во централно градско подрачје.

Дел од старите куќи имаат сопственици и не се имот на Општината, досега и покрај апелите никој од нив сам не си ги санирал или заштитил и покрај тоа што имаат законска обврска за тоа. вдј/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8