Утрински Весник
Македонија

Штипски „Гласен Текстилец“ апелира работниците да внимаваат со потпишувањето на договорите за годишен одмор

Штипски „Гласен Текстилец“ апелира работниците да внимаваат со потпишувањето на договорите за годишен одмор

Штип, 26 јуни 2019 (/) – Штипското Здружение „Гласен Текстилец“ пред стартот на годишните одмори, но и користењето на ланските одмори забележува неправилности во одредени текстилните и кожарските компании во Источниот регион. Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“ истакнува  дека како и секоја година, пред летните одмори забележуваат повеќе прашања и проблеми околу користење на годишниот одмор.

Како здружение, на нашите социјални мрежи и при разговори со текстилните работнички, ги упатуваме да ги користат правните механизми, кои им стојат на располагање. Голем е бројот на фирми кои на работниците изминатата 2018 година им дале на користење до пет работни дена годишен одмор, а согласно Законот за работни односи е најмалку 20 дена. Ги упатуваме работниците до 30 јуни 2019, преку писмено барање до работодавачот ги побараат на користење деновите од годишниот одмор, кои им останал од 2018 година, вели Ампева.

Таа додаде дека доаѓаат и до сознанија дека одредени работодавачи од Источниот регион им даваат на работниците да се потпишат на решенија оти ги искористиле деновите од годишниот одмор.

Тоа ни ја отежнува ситуацијата и нам и на трудовите инспектори да докажеме дека овие работници во најголем дел од текстилните фабрики користат едвај пет работни од својот годишен одмор. Со потпишување на таквите решенија овозможуваат директно кршење на нивните права, вели Ампева.

Од НВО „Гласен Текстилец“ велат дека нивните телефонски броеви и канцеларијата во Штип им стоиме на располагање и ги повикуваат  да ги  контактираат со цел да се заштитат и го остварат своето право на годишен одмор. вдј/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8