Утрински Весник
Македонија

Штипска „Брегалница“ ја презема бизнисменот Кирил Гогов

Штипска „Брегалница“ ја презема бизнисменот Кирил Гогов

Штип, 8 јули 2019 (Утрински Весник) – Успешно е завршена продажбата на 51 отсто од акциите на Фудбалскиот клуб „Брегалница“, соопшти на денешната прес-конференција, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Сопственикот на ланецот супер маркети „Кит –Го“-Штип и спортски работник Кирил Гогов на јавниот повик единствен пројавил интерес за преземање на фудбалскиот клуб, којшто постои 98 години.

Минатиот месец, на седница на Советот на Општина Штип, 23 советници донесоа едногласна одлука за продажба на 51 отсто од акциите на овој фудаблски клуб.

-Можам да ја поздравам одлуката на сите советници во Совет на Општина Штип коишто ја донесоа едногласно и ме овластија да продолжам во насока на продажба на овој фудбалски клуб со 51 отсто акции коишто ќе бидат продадени на берза. Ја информирам јавноста дека продажбата е успешно завршена. Ние после седницата на Совет на Општина Штип имавме јавен повик на којшто баравме да ги видеме сите заинтересирани субјекти кои ќе сакаат да влезат под тие услови и да бидат сопственици на ФК „Брегалница 2008“ со поддршка од Општина Штип, речеБочварски.

Новиот сопственик на ФК „Брегалница“-Штип, Гогов истакна дека приоритет е враќање на клубот во првата лига.

-Оваа сезона цел ќе биде враќање на ФК „Брегалница 2008“ во првата фудбалска лига, кадешто на Брегалница како наш голем бренд и е местото, меѓу најдобритедодаде  Гогов.

Со приватизирањето на ФК „Брегалница“ од буџетот на Општина Штип веќе нема да се трошат околу 200.000 евра, кои се дел од Програмата за спорт. Инаку, финансирањето на овој фудбалски клуб се најде и во ревизорскиот извештај за работата на општината за 2017 година. Ревизорите тогаш забележаа дека немале јасна слика како претходното локално раководство ги трошело парите за овој фудбалски клуб. вдј/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“