Утрински Весник
Бизнис

Штети од градобијни зрна кај лозјата на патот кон Тиквешко Езеро

Штети од градобијни зрна кај лозјата на патот кон Тиквешко Езеро

Кавадарци, 18 јуни 2019 (/) – Невремето проследено со град што синоќа го зафати Кавадаречко, направи штети кај лозјата на патот кон Тиквешко Езеро. Оваа информација за / ја потврди Драган Николов, советник во подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.

-Штети и до педесет проценти се регистрирани во месностите ,,Ума” и ,,Шамаци”, оштетени се околу 60 хектари земјоделска површина. Таму виновите лози биле зафатени со град со големина на лешник, кој интензивно паѓал околу 15 минути, информира Николов.

До сите оштетени лозари, тој упати совет да ги заштитат своите лозови насади со бакарни препарати, веднаш штом се создадат услови за тоа.свд/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владата ја обврза ЕСМ да обезбеди парно греење во Скопје

„Адора инженеринг“: Добивме цврсти гаранции дека ЕСМ ќе ги купи топланите Исток и Запад и ќе го плати долгот

Од 15-ти октомври скопјани ќе имаат парно – АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор