Утрински Весник
Спорт

Шпанија противник на Германија во финалето на младинското ЕП

Шпанија противник на Германија во финалето на младинското ЕП

Реџо Емилија, 28 јуни 2019 (/) – Репрезентацијата на Шпанија ќе игра во финалето на Европското првенство за фудбалери до 21 година. Шпанците синоќа во Реџо Емилија, ја совладаа Франција со 4:1, иако противникот прв дојде во водство.

Противник на „црвената фурија“ во мечот за трофејот ќе биде Германија која во првото полуфинале ја совлада Романија со 4:2.

Финалето е закажано за в недела (30 јуни) во Удине со почеток во 20:45 часот. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уште еден премиерлигаш добива американски газда

МЗТ Скопје преку ТФТ до петта титула од Суперкупот

Сестрата на Роналдо контра Португалците: Вие сте болни, бездушни, глупави и бескрајно неблагодарни