Утрински Весник
Македонија

Шпанија демантира дека била против датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Шпанија демантира дека била против датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Скопје, 21 јуни 2019 (/) – Шпанската амбасада во Скопје ги демантира информациите дека заедно со уште шест земји-членки на Европската Унија била против одредувањето датум за отпочнување на преговори со Северна Македонија.
–  Сметаме дека со соопштението на романското Претседателство на Советот на ЕУ се отфрлаат шпекулациите пласирани вчера од страна на еден опозиционен политичар од Северна

Македонија според кои Шпанија наводно била против датумот за отпочнување на преговорите заедно со други шест земји членки. Шпанија ги препознава значителните заслуги на Република Северна Македонија, а особено Преспанскиот Договор кој претставува пример за регионот, се наведува во соопштението од Амбасадата на Шпанија во Скопје. бак/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран