Утрински Весник
Спорт

Ширер: Лампард е идеална опција за Челзи

Лампард се поблиску до „Стемфорд Бриџ“

Лондон, 24 јуни 2019 (/) – Поранешниот напаѓач на Англија и Њукасл, Алан Ширер изрази мислење дека Френк Лампард е вистинскиот човек кој треба да го предводи Челси.

– Лампард е токму оној човек, од кој Челзи има потреба. Тој е одлична опција и разбирам зошто Роман Абрамович сака да го покани. Челзи се наоѓа во сложена ситуација поради трансфер ембаргото. На крајот ќе им се наложи да стават во составот некои фудбалери од младинскиот тим или да користат играчи, кои се вратиле од заем. Лампард ги познава подобро од било кој друг. Тој раководеше со двајца од најветувачките таленти во клубот минатата сезона – Мејсон Маунт и Фикајо Томори, напиша Ширер во својата колумна за „Сан“.

Според легендата на англискиот фудбал, Лампард не може да го одбие Челзи.

– Ако ги предводи „сините“, ќе се гордее како никогаш досега, додава Алан Ширер.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев на селекторот Милевски му порача да молчи

Араухо оди на операција, ќе го пропушти СП

ПСЖ во јануари ќе му плати 30 милиони евра на Интер за Шкриниар