Утрински Весник
Спорт

Шефот на ПСЖ: Мбапе останува во Франција

Шефот на ПСЖ: Мбапе останува во Франција

Париз, 17 јуни 2019 (/) – Сагата околу иднината на Килијан Мбапе веќе практично е кон својот крај, откако лично претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи објави дека е на „200 отсто сигурен“ дека играчот ќе остане во клубот.

Името на талентираниот француски репрезентативец е напорно поврзувано со Реал (Мадрид) и самиот тој посочи дека може да го напушти клубот, но очигледно мислењето на неговиот тим е сосема поинакво.

– Килијан сака да биде повеќе вклучен во нашиот проект и да порасне со тимот. Му објаснив дека она што тој го сака, нема потреба да го сака. Само треба да ги оствариме нашите цели. Тој е многу интелигентно момче и убеден сум дека ме разбрал правилно. Сигурен сум дека 200% ќе остане во тимот и нема шанси да го продадеме овој играч, изјави шефот на парискиот тим.вз.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Швајцарија ги искористи сите „дупки“ во одбраната на Србија за осминафинале, Камерун прв го победи Бразил!

Мекларен ги продаде историските болиди на Бахреин!

Роналдо откако се откажал од 16 милиони фунти од Јунајтед пратил порака: Слободен како птица