Утрински Весник
Спорт

Шефилд Јунајтед ќе се обиде да го привлече Рибери

Шефилд Јунајтед ќе се обиде да го привлече Рибери

Минхен, 13 јуни 2019 (/) – Шефилд Јунајтед ќе се обиде да ја привлече легендата на Баерн Минхен, Франк Рибери, тврди „Кикер“. 36-годишниот Французин ги напушти Баварците по 12 сезони во клубот и понуди за него не недостасуваат и покрај неговата возраст.

Шефилд Јунајтед се врати во Премиер Лигата по 12-годишно отсуство откако заврши на второто место во Чемпионшип во минатата сезона. Од „Брамал Лејн“ сакаат ѕвездено и искусно засилување, што ќе донесе голови и ќе помогне на тимот да го задржи своето место во елитата и наредната сезона.

Рибери, кој е слободен агент, има примамливи понуди од Австралија и Катар, но се тврди дека тој повторно сака да игра за голем европски клуб.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Астон Вила го декласира Брајтон, хет-трик на Воткинс

Џинтоли: Сакавме да го продадеме Влаховиќ…

Ѓорческа ќе се бори за титулата во Куршумлиска бања