Утрински Весник
Македонија

Шест години казна затвор за Бобан Илиќ за прегазувањето на малиот Алмир

Шест години казна затвор за Бобан Илиќ за прегазувањето на малиот Алмир

Куманово, 21 јуни 2019 (/) – Основниот Суд Куманово, денеска изрече идентични казни за обвинетите во случајот „Алмир Алиу“, при повоторената постапка отакако Апелација го врати случајот во Кумановскиот суд.

Како и претходно, Бобан Илиќ доби шест години затвор за кривично дело„тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, додека останатите Седат Алиу за „насилство“ шест месеци, а трето и четвртообвинетиот во овој случај, Сами Демири и Абдула Алиу добија по девет месеци.

На Илиќ му се пресметува и времето поминато во притвор, сите ќе ги платат трошоците за постапката и паушалот на судот.

Судот, беше речено на денешното објавување, нема подетално да ги образложува ставовите и мислењата и при повторената постапка.
Адвокатот на обвинетите за „насилство“ , Асмир Алиспахиќ изјави дека станува збор за монтиран случај и најави дека ќе бидат употребени сите правни лекови.

-Ова ќе биде пример за селективна правда, со која сметам дека идните генерации кои ќе изучуваат судска пракса во правораздавањето на правото ќе изучуваат како не треба да се дели правдата по етнички основа, изјави Алиспахиќ.

Тој рече дека судот и Основното обвинителствово Куманово не примениле и не смениле  напаставијата дадени од повисоката судска инстанца. Воедно, најави дека ќе ја продолжи правната битка и во државата и надвор од неа.

Одговарајќи на новинарско прашање адвокатот истакна дека Обвинителството од Куманово треба и се надева дека ќе побара мерки за обезбедување на првообвинетиот, бидејќи постои опасност да се даде во бегство.

Полномошникот на оштетените Ибрахим Бајрами рече дека судот во Куманово, пак не ги зел предвид истечените лиценци на вештаците, чии вештачења според него се еднострани и тенденциозни, и додаде дека не било дозволено сослушување на тројца сведоци предложени од нивна страна. И тој најави дека ќе се искористи и Меѓународниот суд за човекови права според член шест, право на правично судење.

Кумановското обвинителство претходно го преквалификуваше обвинението против Илиќ од „убиство“ во „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот “. Обвинетиот Илиќ се товари за прегазување на четиригодишниот Алмир Алиу на 25 јуни 2016 година, по претходна банална расправија со таткото на момчето, во кумановскиот Здравствен Дом на улицата „Борис Кидрич“. Четиригодишниот Алмир почина од здобиените повреди на 1 јули 2016 година. ам/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Театар во Град Скопје: Арсовска тераше инат со Славески и не се тргаше од говорницата

Алијанса за Албанците со предлози за ублажување на енергетската криза

Петровска: Ја повикувам Комисијата за одбрана одблиску да го следи спроведувањето на огласот за прием на професионални војници