Утрински Весник
Македонија

Шекеринска на Конференцијата за европска безбедност во Минхен

Шекеринска на Конференцијата за европска безбедност во Минхен

Скопје, 12 јуни 2019 (/) – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Минхен ќе учествува и ќе се обрати на Конференцијата за европска безбедност, организирана од Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“.

Како што соопштија од Министерството за одбрана, тема на обраќањето ќе биде успешниот процес на рехабилитација на Северна Македонија и односите и влијанијата во Југоисточна Европа и пошироко.

На маргините на безбедносната конференција, Шекеринска ќе се сретне со германскиот заменик – директор на Европскиот центар за безбедносни студии,  бригаден генерал Јохан Бергер.

Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“ е реномиран меѓународен одбранбено – безбедносен институт кој го промовира дијалогот и разбирањето меѓу нациите и државите од Северна Америка, Европа и Евроазија. Институтот е поддржан од владите на Соединетите Американски Држави и на Германија. вг/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ковачевски: Очекувам намалување на цените на основните производи за 10 отсто

Средба на ОБСЕ Тројката Османи -​ Рау – Билстром, во пресрет на Министерскиот состанок во Лоѓ

Атиџе и Штајнмаер си разменија тегли со мед: „Ако ги сакате пчелите, тие ќе ви возвратат“