Утрински Весник
Македонија

Шекеринска во посета на инженерискиот баталјон 

Шекеринска во посета на инженерискиот баталјон 

Скопје, 11 јуни 2019 (/) – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во касарната Илинден ќе го посети инженерискиот баталјон на Армијата на Република Северна Македонија, каде ќе се сретне со командантот на единицата.

Министерката воедно ќе информира за потпишаните договори за набавка на 15 нови инженериски машини во вкупна вредност од над 138 милиони денари.

Како што информира Министерството за одбрана, со набавката на инженериски машини, прва по цели 16 години, практично започнува модернизацијата на армиската опрема. Со неа ќе се зголеми подготвеноста на Армијата за извршување на задачи, а ќе влијае и на безбедноста на граѓаните, особено во време на елементарни непогоди, поплави и кризи.вј/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран