Утрински Весник
Спорт

Чориќ го предаде мечот на турнирот во Хале

Чориќ го предаде мечот на турнирот во Хале

Хале, 21 јуни 2019 (/) – Хрватскиот тенисер Борна Чориќ нема да го брани минатогодишниот наслов на АТП турнирот во Хале, откако поради болки во грбот го предаде четвртфиналниот меч.

Противник на Чориќ беше францускиот Пјер Херверт кој го освои првиот сет од мечот со резултат 7-5 во гемови.

Хрватскиот тенисер имаше проблеми со грбот во текот на целиот меч, дури при резултат од 5-4 во гемови, тој побара и помош од физиотерапевт, но беше очигледно дека ниту масажата не може да ја подобри неговата состојба, па беше принуден да го предаде мечот. ем/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Смит Роу опериран, се враќа во декември

Алегри и Мурињо се најмногу платени во Серија А

Струмица Никоб убедливо го победи холандскиот шампион Динамо Апелдорн во Цев Лигата на шампиони, но немаше среќа во “златниот сет”