Утрински Весник
Спорт

Член на Аргентинскиот спортски арбитражен суд: Меси мора да се извини на КОНМЕБОЛ

Меси ги критикуваше судиите по поразот од Бразил

Буенос Аирес, 16 јули 2019 (Утрински Весник) – Густаво Абреу, член на Аргентинскиот спортски арбитражен суд изјави дека капитенот на националниот тим, Лионел Меси, треба да се извини за КОНМЕБОЛ. Суперѕвездата ја обвини федерацијата за корупција откако Аргентина го освои третото место на Копа Америка 2019 година.

Напаѓачот на Барселона беше незадоволен од судењето на полуфиналниот натпревар против Бразил на турнирот. Во него, „гаучосите“ загубија со 0:2, а Меси рече дека „сè е наместено за Бразил да стане шампион“.

– Ќе го советувам Меси да се извини, затоа што тие планираат да го казнат. Тој мора да се извини, за да не го казнат, рече Абреу, цитиран од „ТОИ Спорт“.

Според гласините, на Меси му се заканува казна до 2 години исфрлање од репрезентацијата на албиселесте. Ова ќе се случи ако КОНМЕБОЛ одлучи да го казни за критиките и обвинувањата во нивната адреса.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пеле: Ќе гледам Бразил-Јужна Кореја од болничката соба

Бразил го почнува походот кон трофејот, прва пречка е Јужна Кореја

Стојковиќ: Мене Србија ме поддржува, но на некои сум им трн во око