Утрински Весник
Спорт

Чиле обезбеди четвртфинале на Копа Америка

Чиле убедлив против Јапонија

Салвадор, 22 јуни 2019 (/) – Репрезентацијата на Чиле ќе игра во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Америка, откако ноќеска во Салвадор го совлада Еквадор со 2:1.

Ова беше дуел од второто коло во Ц-групата по кој Чиле со максимални шест бода е лидер на табелата и обезеден пласман во следната фаза.

Стрелци на головите во победничкиот тим беа Хозе Педро Фуенсалида (8. минута) и Алексис Санчез (52. минута) , за Еквадор погоди Енер Валенсија од пенал во 26. минута.

Во 89. минута, Еквадорците останаа со фудбалер помалку по исклучувањето на Габриел Ахилера.

Еквадор е без бодови и е последен во групата, пред него покрај Чиле се Јапонија со еден бод и Уругвај со четири.

Вечер од 21 часот на турнирот во Бразил се играат натпреварите од третото коло во А-групата. Двојките се:
Боливија – Венецуела и
Перу – Бразил. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Американски бизнисмен го купува Евертон

Реал Мадрид има проектиран план: За две години Ерлинг Халанд доаѓа на „Бернабеу“

КК Пелистер го загуби финалето во Бугарија