Утрински Весник
Македонија

Чижов: Ја признаваме вашата земја како Република Северна Македонија

Чижов: Ја признаваме вашата земја како Република Северна Македонија

Брисел, 17 јуни 2019 (/) – Амбасадорот на Руската Федерација при Европската Унија, Владимир Чижов, на редовната годишна прес-конференција во Брисел денеска порача дека неговата земја ја признава нашата под нејзиното уставно име, Република Северна Македонија.

Во текот на процесот на гласање и ратификација на Преспанскиот договор, Руската Федерација редовно истакнуваше несогласувања со начинот на кој се водеше процесот, но денеска Москва недвосмислено го признава новото уставно име на државата, потврди Чижов за /.

Во однос на утрешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ на кој ќе се одлучува за почеток на преговори со Македонија, рускиот амбасадор потсети дека Москва не е против процесот на проширување на ЕУ, “сѐ додека тој не ги попречува постоечките односи помеѓу ЕУ и Русија или помеѓу Русија и земјите кандидати“, додека пак Русија останува отворено против процесот на проширување на НАТО Алијансата.

На годишната прес-конференција, амбасадорот Владимир Чижов, оцени дека односите помеѓу Русија и ЕУ не се во најдобра форма и покрај тоа што двата блока имаат значајни економски и трговски врски. ЕУ е првиот трговски партнер на Русија, додека Русија е четвртиот по ред за ЕУ.

-Има разочарување што односите ЕУ-Русија се абнормални, оваа комплексна но импресивна архитектура на соработка е замрзната, или за да се изразам подипломатски, седи неискористена, откако ЕУ донесе одлуки врз основа на измислени поводи, изјави Чижов.

Москва се надева дека со новиот состав на Европскиот Парламент, и потоа на Европската Комисија, по ЕУ изборите, двете страни ќе можат да го возобноват дијалогот, рече рускиот амбасадор, и истакна дека бројни земји членки на Унијата се желни за тој дијалог. тм/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8