Утрински Весник
Македонија

Четири милиони денари за реконструкција на улица во Голема Речица

Четири милиони денари за реконструкција на улица во Голема Речица

Тетово, 5 јули 2019 (Утрински Весник) – Во тетовско Голема Речица извршена е реконструкција на улицата која води од гробиштата до шумскиот предел, во должина од 250 метри.

Улицата беше целосно уништена при невреме во 2015 година, а за санацијата се потрошени четири милиони денари.

Градоначалничката Теута Арифи изврши увид по завршувањето на реконструкцијата на улицата во тетовска Голема Речица.

-Можеме да кажеме дека завршуваат работите. Ивестицијата е четири милиони денари за асфалтирање, бекатонизирање, зеленило и поставување на осветлување. Како што знаете 2015 и 2016 имавме проблеми и комплетно руинирање на овој пат. Потребна беше целосна реконструкција и се надевме дека со позитивни проекти ќе продолжиме понтаму, рече Арифи.

На новинарско прашање зошто беа потребни четири години да се заврши реконструкцијата градоначалничката одговори дека има наследено многу оштетени улици.

– Се чекаше затоа што наследивме град каде ни една улица не беше како што треба да биде, така што оваа делница го чекаше реновирањето на целиот булевар „Илирија“, чекаше реновирање на Индустриски булевар, чекаше реализирањена улицата „Мурат Бафтијари“ како и други делови кои за жал беа оставени руинирани, одговори градоначалничката.

Оваа улица настрада поради излевање на реката и беше целосно уништена и не можеше да се употребува од 2015 година. На 3 август тетовскиот регион го зафати невреме во кое најпогодени села беа Шипковица и Голема и Мала Речица, при што загинаа  шест лица, а стотици куќи и објекти беа уништени.

Со помош на странски експерти, беше изработен акционен план за заштита од поплави вреден 25 милиони евра, но неговата реализацијата на терен се уште не е започната. ас/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешевска: Да се зголеми додатокот за минимална помош преку МТСП

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина за стремежот за европска Македонија

СДСМ: Мицкоски конструктивноста да ја покаже во Собранието, подаваме рака за сите кои работат за граѓаните