Утрински Весник
Македонија

Церемонија по повод завршувањето на студиите на апсолвентите на Универзитетот во Тетово

Церемонија по повод завршувањето на студиите на апсолвентите на Универзитетот во Тетово

Тетово, 8 јуни 2019 (/) – Со традиционалниот начин на фрлање на капите во воздух апсолвентите на Универзитетот во Тетово го прославија завршувањето на високото образование. Вкупно 1.039 студенти од 13 факултети денеска во присуство на своите семејства и роднини ги добија уверенијата за завршување на студирањето.

На пригодната церемонија по повод завршувањето на студии, ректорот на Универзитетот во Тетово Вулнет Амети им го честиташе животното достигнување и успехот на студентите.

-Вие поминавте долг пат за Вас и за вашите семејства, не ви беше лесно, меѓутоа тоа е патување што ќе го паметите цел живот. Имаме над 1.000 студенти во кои гледаме нови наши колеги од кои очекуваме да ја продолжат и унапредат работата на оваа високообразовна институција, рече Амети

Признание како најдобри студенти кои дипломирале со просек 10 добија Славица Милошевска од Филолошкиот факултет насока англиски јазик и Аљмира Рамадани од Педагошки факултет.

-Во понатамошниот живот да ги имате идните студенти на ум и да ги подобрите условите за студирање како идни професори, доктори, менаџери, рече Исљам Имери, претседателот на студенскиот парламент при Универзитетот во Тетово.

Дипломирањето на студентите им го честиташе претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери.

– Ви посакувам успех и среќа во иднина, ќе имате уште предизвици во животот за кои треба да бидете истрајни, рече Џафери. ас/аа/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

150 казни за брзо возење

Вработен во Пошта уништил архивски материјал, против него е поднесена кривична пријава

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава