Утрински Весник
Македонија

Центарот за развој на Североисточниот плански регион лани реализирал повеќе проекти за унапредување на регионот

Центарот за развој на Североисточниот плански регион лани реализирал повеќе проекти за унапредување на регионот

Крива Паланка, 5 јули 2019 (Утрински Весник)Центарот за развој на Североисточен плански регион (ЦР СИПР) во 2018 година реализирал поголем број проекти од програмите за регионален развој на Министерството за локална самоуправа, Биро за регионален развој за 2018, проекти по програмите 2015 –2018 година, од Агенцијата за финансиска помош во земјоделството и рурален развој на РСМ  и ЕУ проекти. 

Во извештајот, кој беше презентиран на последната седница на Советот на општина Крива Паланка, се наведува дека во 2018 во рамки на проектот Опремување на регионално туристичко биро во Кратово“ опремено е туристичко биро во оваа општина, од проектите финансирани преку Биро за Регионален развој по програмите за регионален развој за 2017 година реализација во 2018 година е завршена на проектот „Заштита на животната средина и подобрување на условите за живот во Североисточен плански регион, импементиран е следните под-проект“ со кој е изграден дел од фекална канализација во село Ваксинце во должина од 687 метри, општина Липково, изграден е патен правец до локалитет Цоцев Камен од спојот со регионален пат Шопско Рударе – Бељаковце – Фаза 2, во должина од 475 метри, извршена е адаптација на училници од училишта зграда во соба за престој на туристи во село Отошницаопштина Ранковце, адаптација на деловен објект во туристичко информативен центар во село Ранковце, реновиран е простор– сала за културно – туристички манифестации во општина Старо Нагоричане, а извшрено е и партерно уредување на регионален комплекс на базени и  поставување влезна капија на Бислимска Клисура, општина Куманово.

Преку центарот за развој на СИПР во 2018 година изработени се урбанистички планови за села во општините Кратово, Ранковце и Липково, изграден е општински пат од село Никуљанеопштина Старо Нагоричане до село Четирце во должина од 2.228 метри. Центарот за развој на Североисточен плански регион лани реализирал повеќе проекти за унапредување на регионот. ид/ев/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби – Агелер: Успесите на нашата земја се заеднички со Соединетите Американски Држави

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална