Утрински Весник
Македонија

Целосна реконструкција на градинка и нов објект во Тетово

Целосна реконструкција на градинка и нов објект во Тетово

Тетово, 2 јули 2019 (/) – Нова градинка во просториите на основното училиште „Кирил и Методиј“ најави денеска тетовската градоначалничка Теута Арифи при посетата на објектот Стара градинка каде се врши целосна реконструкција. За новата градинка готова е потребната документација, потенцира Арифи.

– Ние во ОУ „Кирил и Методиј“ ја спремивме целата документација, ги издадовме сите дозволи, во комуникација сме со Министерството за труд и социјална политика, во принцип како обврски кои ги имаме сметаме дека евентуално може да има ситни работи кои може да ни бидат побарани. Таа градинка ќе се гради со средства на ИПА фондот, за кои се квалификувала нашата држава и се надеваме дека тоа ќе биде исто така еден голем нов капацитет за децата во општина Тетово, рече Арифи.

Објектот „Стара градинка“ се реконструира веќе еден месец, а прогнозите се дека до крајот на август ќе биде готов.

– Се прави темелна реконструкција: ѕидови, електрични инсталации, санитарни чворови и се што е потребно. Со еден збор генерална реконструкција на сите витални системи кои се потребни градинката да биде непречено функционална. Добрата логика на соработка на институциите дава позитивни резултати на терен. Ние ќе продолжиме на овој начин да имаме што е можно подобри инфраструктурни услови, рече Арифи.

Директорката на јавната општинска установа детски градинки „Младост“-Тетово посочи дека оваа година децата ќе имаат добри услови и оти вработените ќе бидат порелаксирани.

Од двете установи најавија активности и во други градинки со цел подобрување на условите за престој на децата и работа на стручниот кадар. ас/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8