Утрински Весник
Спорт

Хрватот Јотиќ потпиша за Еурофарм Работник

Хрватот Јотиќ потпиша за Еурофарм Работник

Битола, 3 јули 2019 (Утрински Весник) – Хрватскиот репрезентативец Ловро Јотиќ и официјално е нов член на Еурофарм Работник, објави денеска битолскиот ракометен прволигаш.

Тој доаѓа од ППД Загреб и треба да биде огромно засилување за битолскиот тим. Пред предизвикот од Лигата на шампионите, Еурофарм Работник обезбеди квалитетен лев и среден бек, кој стави потпис на двегодишен договор.

Дваесет и четиригодишниот загрепчанец ќе биде замена за неколку ракометари на оваа позицијата кои го напуштија клубот.

Јотиќ е трето интернационално засилување за тренерот Алушовски по Словенецот Ратајац, кој дојде од шампионатот на Австрија и Марин Вегар, кој пристигна од Романија.

Подготовките за новата сезона битолчани ќе ги почнат на 21 јули. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

По една и пол година Зион Вилијамсон се врати во НБА лигата

Чави ги нападна судиите: Имаше пенал за нас, ни нанесоа неправда

Наполи го посрамоти Ајакс пред своите гледачи, Барса „падна“ на „Сан Сиро“