Утрински Весник
Македонија

Холштајн: Се подготвува рамка за преговори со Северна Македонија

Холштајн:  Се подготвува рамка за преговори со Северна Македонија

На денешната онлајн седница на Владата, амбасадорката на Германија, Анке Холштајн, ги претстави приоритетите на германското претседателство со Советот на Европската Унија до крајот на 2020 година.

Особено значајно за Северна Македонија, потенцираше амбасадорката, е што посебен дел од програмата е посветен и на политиката за проширување на ЕУ со кредибилна перспектива за пристапување во ЕУ за земјите од Западен Балкан како заеднички интерес и за регионот и од интерес на ЕУ.

„Во таа насока активно се подготвува рамката за преговори за Северна Македонија и Албанија, земајќи ја предвид новата методологија за проширување, во која според СР Германија, рамката за преговори не треба да се усложнува со билатерални прашања кои останува да се решаваат меѓу засегнатите земји одделно“, соопштија од владината прес-служба.

Премиерот, Оливер Спасовски, во име на Владата се заблагодари за презентацијата и ѝ посака на Германија успешно претседавање со Советот на ЕУ, и изрази очекување дека ова ќе биде историско претседавање заради исклучителната важност на приоритетите, како и заради историската можност за Република Северна Македонија да ги започне преговорите по поглавја за членство во ЕУ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

207 санкции за брзо возење

Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара