Утрински Весник
Сцена

Холивудски продуцент уапсен поради обвиненија за перење пари

Холивудски продуцент уапсен поради обвиненија за перење пари

Лос Анџелес, 5 јули 2019 (/) – Холивудскиот продуцент од малезиско потекло, Риза Азиз вчера бил уапсен во својата земја поради обвиненија за вмешаност во проневера на 4,5 милијарди долари и перење пари.

Азиз е познат како продуцент на филмовите „Волкот од Волстрит“ (на Мартин Скорсезе и со Леонардо ди Каприо), „Глупав и поглупав 2“ и други.

Тој, инаку, е и посинок на поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак.

Се сомничи за вмешаност во проневера на 4,5 милијарди долари на малезискиот владин инвестициски фонд додека Разак бил премиер. си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка