Утрински Весник
Спорт

Хернандез на чекор до Милан

Хернандез на чекор до Милан

Милан, 28 јуни 2019 (/) – Играчот на Реал Мадрид, Тео Хернандез од следната сезона ќе игра за Милан, а до официјалното објавување на трансферот останале да се решат уште неколку ситни детали.

Како што објавија италијанските медиуми, Реал од зделката ќе заработи 20 милиони евра, но дури од наредната сезона, бидејќи во првата Хернандез ќе игра како позајмен играч.

Станува збор за 21-годишен лев бек, кој ќе склучи четиригодишен договор со италијанскиот клуб, според кој ќе заработува 1,8 милиони евра по сезона.

Инаку, неодамна директорите на Милан, Звонимир Бобан и Паоло Малдини заминаа службено во Мадрид и Ибица со намера да донесат засилување за нивниот клуб. ем/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гут Бехрами победи во Килингтон

Тандемот од Јувентус го пропушта Камерун

Мбапе ја однесе Франција во осмина-финалето