Утрински Весник
Сцена

Хајди Клум се омажи по третпат

Хајди Клум се омажи по третпат

Берлин, 4 јули 2019 (/) – Манекенката Хајди Клум тајно се омажила за своето 17 години помладо момче Том Каулиц. Ова е нејзин трет брак.

Тие пред олтарот застанале уште на 22 февруари, кога им била првата годишнина од врската. Но, манекенката и Каулиц (30), инаку поранешен член на германската група „Токио хотел” тоа го соопштија дури сега.

Откога се заедно, тие никогаш не ја криеле својата врска.

Претходно, Клум беше во брак со Рик Пипин, а потоа и со познатиот поп-музичар Сил со кого има и три деца. си/гт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка