Утрински Весник
Македонија

Хачинсон: Сите работиме Северна Македонија да стане полноправна членка во декември

Хачинсон: Сите работиме Северна Македонија да стане полноправна членка во декември

Брисел, 25 јуни 2019  (/) –  Амбасадорката на САД во НАТО, Ки Бејли Хачинсон, на брифинг со новинарите пред утрешниот министерски совет за одбрана на Алијансата порача дека се вложуваат сите напори Северна Македонија да стане полноправна членка на Самитот на НАТО во Лондон во декември.

-Наша надеж е дека тоа ќе се случи на лидерската средба во декември, тоа е нешто на што сите работиме, но секоја од нашите земји сојузнички има различни барања од својот парламент за да го одобри и потврди зачленувањето на Северна Македонија, изјави Хачинсон денеска.

Во однос на процедурата во американскиот Сенат, таа посочи дека се надева оти ратификацијата ќе се случи ова лето, најдоцна на есен.

-Знаеме дека сите земји ја поддржуваат Северна Македонија, прашање на тајминг е и се надеваме дека до крајот на годината, на нашиот лидерски самит ќе имаме прекрасна прослава за прием на Северна Македонија во нашата Алијанса, изјави амбасадорката.тм/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маж од Богданци со закана бил принуден да потпише фактури со големи суми

Оштетен споменикот на Гоце Делчев во Градски парк

Маричиќ-Лирман: Фокус на реформите и заедничка посветеност на патот кон ЕУ